Балкан
15. December 2017 - 22:55

Девет курдски герилци уапсени при обид да преминат од Турција во Грција

Турската полиција денеска притвори девет курдски герилци кои се обидувале да ја преминат границата со Грција во близината на Едрене.

Герилците сакале да ја преминат реката Марица со чамец, но биле забележани и притворени. Повеќето од нив се членови на забранетата Работничка партија на Курдистан.

Уапсени се и двајца Авганистанци кои им помагале во преминувањето на границата. Курдите се обвинети за членство во терористички организации.