Живот
16. January 2018 - 9:27

Девет години незабележливо живеела во куќа која не е нејзина: Доживеала шок после реакцијата на сопственикот

Домот е таму кај што е срцето, а за Лиза Харди тоа е трособна куќа од 1910 година на која наишла на чуден начин. Пред неколу години, падот на пазарот на куќи во Америка, Лиза работела во агенција за продажба на недвижности. Како и многу луѓе тогаш сметала дека нејзиниот живот само ќе се подобрува како времето поминува.

Лиза останала во шок кога шефот и понудил да избере една од куќите кои ги имаат во понудата како свој сопствен дом. Се додека Лиза работела во неговата компанија, таа куќа била нејзина. Немало никакви преговори за месечната кирија, но Лиза мислела дека во еден момент ќе дојде до тоа.

Лиза во еден момент дознала дека компанијата во која работела нагло пропаднала и едноставно престанала да постои…

Чекала некој да дојде и затропа на вратата и да и каже да плати или да се исели. Меѓутоа, после 9 години никој не дошол, се додека не дознал дека таа живее таму во таа куќа без плаќање било каква кирија.

За Лиза одлична работа била што ниту банките, ниту самиот град во кој живее премногу не се грижеле за работите кои се наоѓаа на пазарот и кои ги имало едноставно премногу. После 9 години, Лиза го одгледала своето семејство во таа куќа, па се погрижила за самата куќа и ја опремила, без било што да плати за неа.

Кога градската управа дознала дека направила грешка веднаш ја ставила куќата на продажба а компанија од Сингапур ја купила по одлична цена. За Лиза тоа се чинело како крај на животот во таа куќа. Меѓутоа, среќата не ја напуштила.

Сингапурската компанија одлучила дека Лиза може да остане во куќата, на која и го поправија кровот, но со еден услов, да се плаќа месечна кирија.

Погледнете ја приказната на Лиза: