-->
-->
Девет „дрвокрадци” oд Кичево, лишени од слобода
-->
Одделението за внатрешни работи Кичево, преземајќи мерки по оперативната акција „Гора“, приведе и од слобода лиши девет лица од Кичево. Оваа денеска го потврди портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, кој додаде дека се одземени и две товарни моторни возила и шест коњи натоварени со нежигосано огревно дабово дрво, две моторни пили и друг алат и прибор.
Полициската акција „Гора”, се реализираше на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, како и во шумскиот појас кај кичевското село Челопетци. Дрвната маса, според портпаролот Димоски, е одземена и предадена на Шумската полиција и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид