Свет
27. July 2019 - 16:59

Девет цивили убиени во воздушен напад врз бунтовничкиот град Ариха во Сирија

Најмалку девет цивили загинаа денеска во воздушен напад на владините авиони врз бунтовничкиот град Ариха, во заверозападна Сирија, јавија набљудувачите од сириската Опсераваторија за човекови права, пренесе ДПА.

Меѓу загинатите во Ариха, во северозападната провинција Идлиб, најмалку две се деца, додаде Опсерваторијата, чие седиште е во Лондон.

Уште најмалку дваесет и едно лице е повредено во нападот, што е дел од владината офанзива врз Идлиб, наведоа набљудувачите.

Силите на претседателот Башар ал Асад, поддржани од руските воздушни сили, од април почнаа масовна воена кампања против бунтовниците во провинциите Хама и Идлиб, последното опозициско упориште во земјата, пренесува ДПА.