-->
-->
Деведесетгодишна Русинка врши четири операции неделно
-->
Аља Илинична од рускиот град Рјазањ има 89 години и официјално е најстариот хирург на светот.
И по повеќе од 10.000 операции, оваа бабичка нема намера да се пензионира. Со медицина се занимава полни 67 години, од кои првите 30 ги поминала како дел од теренски тим лекари задолжени за поизолираните средини. Денес таа работи во локалната болница во Рјазањ во источна Русија и врши четири операции неделно.
- Да се биде доктор не е само работа, тоа е начин на живот. Ако јас престанам да работам, кој потоа ќе оперира?, со насмевка вели Илинична.
Вели дека лек за бесмртност не успела да измисли, но очигледно има рецепт за долговечност.
- Јадам се, многу се смеам и многу плачам - вели Аља.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор