Деведесет и седум годишен партизан положи цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Струмица

Деведесет и седум годишниот Јован Ванчо Величковски од беровското село Митрашинци, учесник во НОВ и член на Четвртата македонска ударна бригада, денеска положи свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Струмица, по повод Денот на востанието и Денот на борецот.
Лани не присуствувал на одблежувањето, но годинава ги броел деновите до големиот празник, за да им оддаде почит на загинатите и починатите другари од Втората светска војна.
-Не само на овој празник, туку и на другите учествувам во нивното одбележување. Се уште се сеќавам на воените дејства и имам многу да раскажувам, но досега малкумина се заинтересирале за тоа, рече дедо Јован, придружуван од неговиот внук имењак со кого доаѓа на одбележувањата на настани од историјата од Народноослоботелната војна.
За значењето на денешниот празник зборуваше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
-Од формирањето на првите партизански одреди, кои ја започнаа борбата против непријателот, Народноослободителната војска, до крајот на војната, прерасна во добро организирана 110 илјадна армија со неколку корпусии и дивизии, како респектабилни воени формации. Но, се разбира, на сите тие организирани форми на воено дејствување им претходеше денот-„Д“, денот кој денес го славиме и одбележуваме, рече Јаневски.
Цвеќе пред Споменикот на револуцијата положија претставници на локалната самоуправа, политички партии, институции и граѓани. Рецитаторите од Домот за деца и млади изведоа пригоден рецитал, а членови на КУД „Тримери“ од Струмица настапија со неколку изворни ора.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
