-->
-->
Девалвацијата на лирата ги извади Турците на улиците на Истанбул и Анкара | ВИДЕО
-->
Истанбул и Анкара беа зафатени со спонтани протести по големата девалвација на турската лира, пренесуваат медиумите во таа земја.
Демонстрантите извикувале слогани барајќи владата да поднесе оставка и владејачката партија да се повлече. Полицијата ја растера толпата.
Турската валута денеска имаше пад од 11,37 на 13,21 лири за долар.
Како што анализираат финансиските аналитичари тој голем пад за еден ден е најголем во последните две децении. Тие потсетуваат дека од јануари годинава турската валута загуби 70 отсто од вредноста.
Минатата недела Централната банка ја намали каматната стапка, како мерка за стабилизација на валутата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно