Македонија
29. November 2015 - 9:11

Детски работилници и презентации на Скопје Дизајн Вик

Работилници за деца и презентации ќе се одржат денеска во рамки на Скопје Дизајн Вик.

На едукативно-креативната работилница со „бреинобреин“, во повеќе помали групи, паралелно ќе се одвиваат активности во времетраење од 120 минути, а децата и родителите ќе може да циркулираат и да се задржат онаму каде што имаат најмногу интерес: Абакус, Мозочни вежби (Brain Gym), Тест на Брзина (Speed test) Креативни активности: Изработка на Оригами, Анализа на личност: Изработка на колаж за Мајка Тереза.

Децата од 6-15 годишна возраст на работилницата „Домашен декор“ што почна вчера, може да се се забавуваат во двочасовна креативна работа која ќе ги научи да ги реализираат своите идеи од хартија на текстил, да мешаат разни бои, да ја контролираат водената површина, да ги користат разните нијанси и тонови. Ментор е Оливија Георгиевска. 

Попладне, презентирана ќе биде Балканската дизајн мрежа што ја формираа центарот за дизајн и иновации Јавна соба од Скопје, Миксер од Белград и Хрватско дизјанерско друштво од Загреб со цел артикулирање и поддршка на развојот и позиционирањето на балканскиот дизајн. Мрежата има за цел и да ја подига свеста за значењето на дизајнот во социјалниот и економскиот развој на едно општество, како и да ги промовира вредностите од дизајнот на регионално и меѓунардоно ниво. 

Одржани ќе бидат и презентации за Лидерство по дизајн, како и за Иновативен дизајн на мебел од дрво.