Македонија
21. May 2016 - 15:49

Детската оперска претстава „Црвенкапа“ од Цезар Кјуи премиерно во МОБ

Во рамки на Малите Мајски оперски вечери утре во Македонската опера и балет премиерно ќе биде изведена детската оперска претстава  „Црвенкапа“ од Цезар Кјуи.

Познатата популарна приказна за Црвенкапа, сега низ музика, ја реализира авторска екипа на Македонската опера и балет.

Режисер на претставата е Цветан Стојановски, сценограф Зоран Николовски, костимограф Бранкица Јордановска, а светло мајстор е Васко Лисичов.

Настапуваат солисти и хорот на Македонската опера и балет.