Македонија
29. January 2016 - 15:40

Детската клиника доби апарат за аплицирање на цитостатска терапија

Апарат за аплицирање на цитостатска терапија кај деца со малигни болести доби денеска Одделот за онкологија и хематологија во Клиниката за детски болести. Станува збор за инфузиомат од најновата генерација на пумпи за дозирање и пласирање на мали дози на цитостатска терапија кај деца.

Вредноста на апаратот, кој е донација од компанијата Новартис, е 171.100 денари.

Директорот на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова се заблагодари за донацијата и рече дека такви апарати секогаш недостасуваат особено на Одделот за онкологија и хематологија каде имаат еден континуитет ако не и благ пораст на пациенти со малигни болести.

- Со него се олеснува апликацијата на цитостатската терапија која мора да се дава во одредени дози на одреден период и овие апарати токму тоа го овозможуваат, додаде Софијанова.