Македонија
10. April 2019 - 16:34

Детската кардиохирургија функционира со јавно-приватно партнерство

Повеќе од десет успешни интервенции се направени откако детската кардиохирургија функционира како јавно приватно партнерство во клиниката „Жан Митрев“. Најмалото новороденче со вродена срцева маана кое било оперирано тежело само два килограми. Интервенција  е направена и на уште 4 новороденчиња.

Партнерства од ваков вид се планираат и за во иднина во зависност од потребите во здравствениот систем. Министерот Филипче најави дека во јуни дека ќе се изготви физибилити студија од експерти која ќе треба да покаже каде државата треба да  инвестира во нова инфраструктура a за што ќе може да ги искористи капацитетите од приватните клиники.

За услугите во детската кардио хирургија пациентите ќе плаќаат исто како и до сега а фондот за годинава предвидува 65 милиони денари за оваа намена.

Во периодот од 1 јануари 2014 година до 31 декември 2018 година од Фондот се исплатени вкупно околу два милиони евра за над 100 поединечни лекувања во странство на деца до 18 годишна возраст за кардиохируршки интервенции. Оттаму, еден од главните мотиви освен потенцијалната заштеда за плаќање на лекување во странство, се и значително подобрите услови за работа и лекување, потенцира Дончев.

Тимот на лекари ветува врвна здравствена заштита. Услугите од оваа клиника очекуваат да ги користат и пациенти од регионот.