Македонија
26. January 2017 - 15:05

Детска претстава во МОБ за собирање средства за малиот Лука Јовановски

Во Македонската опера и балет во сабота и недела напладне ќе биде прикажана детската претстава „Маша и нејзината волшебна приказна“, а средствата што бидат собрани управата на националната установа ќе ги намени за малиот Лука Јовановски, кој боледува од редок вид на рак на окото - Retinoblastoma. 

Билетот за претставата чини 200 денари, а доколку има заинтересираност од МОБ истакнуваат дека се подготвени да бидат одржани уште две претстави.  

За лекување на Лука Јовановски потребни се 20.000 евра и треба да се соберат пред да наполни 2 години во март годинава.