Детето во Мексико го убило наставникот па се самоубило
Во пукањето во основното училиште во северно Мексико загинале напаѓачот – единаесетгодишно дете и неговиот наставник во кого било пукано од два пиштоли, соопштија денеска локалните власти додавајќи дека шест лица се повредени.
Гувернерот на државата Коавила, Мигел Анхел Рикелме изјави дека ученик од шесто одделение убил наставник, а потоа се самоубил.
– Според првичните резултати од истрагата, момчето дошло во неговата училница и им рекло на соучениците „Денеска е тој ден “, а потоа побарало дозвола да оди во тоалет, информира Рикелме.
– Кога ученикот не се вратил по 15 минути, наставникот тргнал да го бара. Детето излегло од тоалетот пукајќи од два пиштоли, а пукањето завршило кога се застрелал, објасни гувернерот.
Според него, ранети се пет ученици, како и наставник по физичко.
Локалните медиуми јавија дека детето живеело со баба му и дедо му, а неговата мајка починала пред неколку години.
Рикелме истакна дека момчето претходно не се однесувало проблематично во училиштето.
Полицијата истражува наводи дека бил под влијание на некоја видео игра.
Пукањето се случило во приватно училиште во центарот на градот Тореон.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица