Македонија
13. October 2017 - 13:29

Детенце ограбено среде Битола

Ограбено малолетно дете среде Битола. Вчера околу 20.30 часот на ул. „Широк Сокак“ во Битола четири непознати лица извршиле разбојништво над 12-годишно момче. Додека оштетениот бил со свое другарче, ги пресретнале непознатите лица, едното од нив го фатило за врат и му го одзело мобилниот телефон, по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.