Македонија
19. January 2020 - 19:25

Детектор: Што мислат граѓаните за загадувањето?

Две третини од граѓаните во Македонија сметаат дека земјата нема соодветен пристап во борбата со загадувањето.. Според анектата на Детектор, 62,6 проценти од испитаните изјавиле дека земјава несоодветно пристапува во борбата против загадувањето, додека 18 отсто имаат спротивно мислење. Споредебено со истиот период лани, влошена е перцепцијата кај граѓаните, па така ако лани скоро 27 проценти сметале дека Македонија соодветно пристапува во справувањето со загадувањето, денес тој процент е намален на 18 отсто.

Меѓу жителите на Скопје како еден од најзагадените градови во државата, има поголемо незадоволство од справувањето со загадувањето.. Дури 78 проценти сметаат дека државата нема соодветен пристап во борбата.

Според Анектата, најголем дел од граѓаните или скоро 23 проценти сметаат дека главни виновници за загадувањето се горењето и фрлањето отпад, а 18 и пол проценти дека најголем загадувач е транспортот.. Во истата анекта лани, над 30 проценти од испитаните сметале дека загадувањето доаѓа од сообраќајот.. За сметка на ова пораснал процентот на граѓани кои сметаат дека индустријата е најголем загадувач..

Испитувањето открива и промена кај средната оценка за квалитетот на воздухот.. На скалата од 1 до 10, каде 10-ката значи екстремно загадување, лани оценката била 5,73, а годинава таа е 6,41 или граѓаните сметаат дека годинава има позагаден воздух.

Како најголем виновник за загадувањето, граѓаните ги посочуваат службите кои не вршат соодветни инспекциски контроли – токму нив ги посочиле 63 проценти од анкетираните.. спротивно мислење имаат 10 проценти.

Анкетата покажува дека најголем дел од граѓаните или скоро 45 отсто, своите домовите ги затоплуваат со дрва, а струјата ја користат 37 проценти.. Гасот или нафатата како енергенс за затоплување го користеле 0,2 проценти од анкетираните.

Анкетата за детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје на 1105 испитаници во периодот од 8 до 11 јануари.