Македонија
10. February 2019 - 19:19

„Детектор“: Што мислат граѓаните за уличните кучиња?

Кучињата скитници за граѓаните се огромен проблем. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје за Детектор покажува дека 60% од граѓаните се со став дека државата треба да обезбеди прифатилишта за кучиња во кои ќе бидат сместени без да им се заканува успивање и речиси ист процент се подготвени да плаќаат повеќе на своите општини за изградба на вакви прифатилишта.

Јавното мислење во емисијата Детектор беше презентирано пред скопскиот градоначалник.

Шилегов вели дека проблемот е наследен и трае со години, но сепак тој си задава рок од 3 до 4 години во кој преку низа мерки очекува скопските улици да бидат побезбедни.

Во тек се подготовките за формирање на новото јавно претпријатие на градот Скопје за третман на животните скитници. Тоа ќе трансформација на постојниот капацитет на Вардариште и јас се надевам дека во текот на оваа година ќе успееме да повикаме дел од градежните фирми кои што градат на територија на градот Скопје да бидат општествено одговорни и еден објект кој што јас го нудам во соработка со Агенцијата за извршување санкции, тоа е поранешната фарма на затворот Идризово да биде реконструиран, а таму имаме околу 500-600 места кои би се искористиле за чување и третирање на животните скитници. Така што јас очекувам за 3-4 години ќе го решиме овој проблем.

Близу 27% од граѓаните би вдомиле куче од улица. За граѓанското здруженија Анима мунди стационирањето на кучињата воопште не е решение. Македонија мора да ги следи европските искуства, а чипирањето на домашните миленици е само добар почеток.

Нашите активисти се сведоци за состојбата во Вардариште, таму условите се катастрофални, јас не знам како Агенцијата за храна и ветеринарство дозволува постоење на таков објект. Таму се крши правилникот по кој Вардариште треба да работи, имате персобнал кој е буквално без компас, нема основна идеа на каква програма работи, ни што е нивната цел и работење таму. Самите со својата работа ја нарушуваат програмата „Залови, стерилизирај, врати“ кој ако не се спроведува доследно, не дава резултати. Разместуваат кучиња, ги земаат од Центар, ги носат во Ѓорче Петров затоа што се јавила балдската на претседателот на месната заедница и сметало кучето и ги душкало вреќите кога влегувала во влез,  вели Радмила Пешева од Анима мунди.

Во Вардариште извршивме една контрола пред еден месец, условите не се до толку катастрофални беа дадени некои корективни мерки од страна на официјалниот ветеринар кои верувам дека се исправени. Агенцијата за храна и ветеринтаство неколку пати има одржано и обуки за персоналот во стационарот. Сметаме дека најголемиот проблем таму што треба да се подобри е хигиената, вели  Димитар Терзиевски од Агенција за храна и веретинарство

Над 60% од граѓаните сметаат дека Македонија е далеку од европските стандарди и препораки за третман на уличните кучиња, но најголем број веруваат дека земјата многу полесно справи со овој проблем кога ќе стане членка на Европската унија.