Детектор: Секој трет Македонец против членство во ЕУ – 93% од Албанците се „ЗА“
Расте евроскептицизмот во Македонија иако и натаму над половина од граѓаните даваат поддршка за членство во Европската Унија. Последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, 55,8% од граѓаните доколку утре се одржи референдум за влез на Македонија во Европската Унија би гласале позитивно додека една четвртина од анкетираните или 24,8% би биле против.
Евроскептицизмот го билдаат Македонците имајќи предвид дека 93,5% од етничките Албанци би гласале за влез на Македонија во Европската Унија а само 4,6% против. Кај Македонците, 43,5% од анкетираните се за влез на Македонија во Европската Унија а дури 31,5% од анкетираните се против.
Историски гледано, ова е најниска поддршка за членство во Европската Унија измерена до сега. Анализата на последните 3 анкети кои Детектор ги спроведе во последните 4 години покажува дека од 2019 до денеска, поддршката значително опаднала. Ако во 2019 67,4% од анкетираните давале поддршка за членство во Европската Унија, бројката во 2020 паднала на 65,5% за денеска да се спушти на најниското ниво од 55,8%.
Очекувано во ваква ситуација расте бројот на граѓаните кои се против. Од 17,3% колку што се противеле на членството во Европската Унија во 2019, бројката скокнала на 24,8% денеска што значи дека секој четврти граѓанин на Македонија е против членство во Европската Унија.
Најголеми поддржувачи на зачленувањето во ЕУ се младите а најголеми противници граѓаните меѓу 30 и 40 години.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници
Ново на Сител
-
Казнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје и во Струга
-
Се гасне пожарот во близина на Смилковското Езеро
-
Хеликоптер на МВР исфрли над 45 тони вода врз пожарот кај Милетино
-
Протест „Србија против насилството“, прв пат со говор на пратеници кои најавија патување на опозицијата низ Србија
-
Невреме го зафати Сараево, упатено предупредување до граѓаните на БИХ за да се подготват за евентуални поплави
-
Петнаесет загинати и 40 повредени во бомбашкиот напад во Сомалија
-
Казнети 72 возачи на територијата на ОВР Прилеп
-
Си Џинпинг: Кина е подготвена да развие стратешко партнерство со Јужна Кореја