Детектор: Над половина од граѓаните сметаат дека Македонија заостанува со ЕУ реформите
Над половина од граѓаните сметаат дека Македонија е поназад со реформите за европските интеграции во споредба со земјите од регионот, покажува најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Ваков став делат 51,6% од анкетираните, додека 20,3% сметаат дека сме на исто ниво а само 14,9% се на ставот дека Македонија е понапред во ЕУ - реформите во споредба со земјите од регионот
Близу две третини до граѓаните рекле дека знаат кои се придобивките ако Македонија стане членка на ЕУ. Ваков став изразиле 58,9% од анкетираните додека 30,3% рекле дека не знаат.
47,1% од граѓаните рекле дека препознаваат и недостатоци при влегувањето на Македонија во ЕУ, додека 38,1% не гледаат такво нешто.
Половина од граѓаните или 49,2% рекле дека им требаат повеќе информации за европската тема, додека 40,6% од анкетираните се на ставот дека немаат таква потреба.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.
Ново на Сител
-
Казнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје и во Струга
-
Се гасне пожарот во близина на Смилковското Езеро
-
Хеликоптер на МВР исфрли над 45 тони вода врз пожарот кај Милетино
-
Протест „Србија против насилството“, прв пат со говор на пратеници кои најавија патување на опозицијата низ Србија
-
Невреме го зафати Сараево, упатено предупредување до граѓаните на БИХ за да се подготват за евентуални поплави
-
Петнаесет загинати и 40 повредени во бомбашкиот напад во Сомалија
-
Казнети 72 возачи на територијата на ОВР Прилеп
-
Си Џинпинг: Кина е подготвена да развие стратешко партнерство со Јужна Кореја