Македонија
6. October 2019 - 19:12

Детектор: Дали власта е подготвена да се соочи со големи афери, како случајот „Рекет“

Речиси половина од граѓаните сметаат дека случајот Рекет не е причина за предвремени избори, но исто толку сметаат и дека овој предмет нема да добие целосна судска разрешница покажува анкетата која за потребите на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, 48,7 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека „Рекет“ нема да биде целосно разрешен, 27,9 проценти се уверени дека случајот ќе биде решен, додека 23,4 отсто од анкетираните рекле дека не знаат.

Анкетата на Детектор покажува дека  44,7проценти од граѓаните сметаат дека не треба да се организираат избори поради „Рекет“, додека 36,3 отсто  се на ставот дека е потребно ново гласање за избор на пратеници. Речиси 19 отсто од анкетираните се уште немаат став.

38 отсто  од анкетираните сметаат дека одредени поединци во специјалното обинителство се корумпирани, а речиси исто толку  сметаат дека СЈО е целосно корумпирано. Само 9,5 проценти сметаат дека СЈО работи професионално.

Според граѓаните, пресудно за да биде покрената постапка за овој случај, била објавата на аферата во странски и домашни медиуми.

Истражувањето покажува дека мнозинството граѓани сметаат дека меѓународната заедница треба да се вклучи во изборот на судии и обвинители.  А голема е поддршката за идејата во одредени судски процеси од висок профил да се вклучат обвинители и судии од странство.  Огромен процент гражани бараат и ветинг во судството.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена телефонски, во периодот од 14 до 17 септември, годинава, врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници со маргина на грешка на примерокот од плус – минус 3%.