Македонија
26. March 2023 - 16:25

Детектор: Близу две третини од граѓаните сметаат дека Македонија има неквалитетно образование


Близу 60% од граѓаните сметаат дека Македонија има неквалитетно образование, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 57,3% од анкетираните велат дека образованието во Македонија не е квалитетно наспроти 35,6% кои се убедени дека има квалитет.

Споредбата со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 година, покажува дека денеска незадоволството на граѓаните од образованието е уште поголемо, имајќи предвид дека бројот на оние кои сметаат дека не е квалитетно скокнал од 51,6% на 57,3%.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.