Македонија
5. February 2023 - 16:46

Детектор анкета: Мнозинството граѓани тврдат дека пред 5 години живееле подобро од денеска

Над половина од граѓаните велат дека пред 5 години живееле подобро од денеска. Анкетата која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје покажува дека ваков став делат точно 52,6% од анкетираните. 33,7% не чувствуваат промена додека само 6,6% велат дека денеска живеат подобро отколку пред 5 години.

По региони, во Пелагонија дури 66,2% од анкетираните рекле дека пред 5 години имале подобар живот. Најмал е процентот на граѓани кои подобро живееле пред 5 години во југоистокот.

Во споредба со анкетата која за Детектор, ИПИС ја спроведе во 2019 година, бројките многу се разликуваат. Пред 4 години 33,5% од граѓаните изјавиле дека живееле подобро пред 5 години што е значително помалку од денешните 52,6%.

Бројот на граѓани кои во 2019 изјавиле дека во моментот живеат подобро од она што го живееле пред 5 години бил 23,7% од анкетираните што е речи си 4 пати помалку од денешните 6,6%.

Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември