Детектор анкета: Две третини од граѓаните се за членство на Македонија во ЕУ
Близу две третини од граѓаните би гласале позитивно доколку утре се одржи референдум за влез на Македонија во Европската Унија. Вакви резултати дава најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 65,5% од анкетираните на референдум би гласале за членство во Европската Унија, а 17,2% би се изјасниле против.
Во споредба со истражувањето кое Институтот за политички истражувања Скопје го спроведе за Детектор во септември минатата година се бележи благо намалување на граѓаните кои даваат поддршка за членство во ЕУ.
Па така, од 67,4% септември лани, бројот на поддржувачи на членството на земјава во ЕУ се намалил на 65,5%. Кај противниците нема некоја поголема разлика, бидејќи од септември до февруари, бројот на противници на членството на земјава во ЕУ се намалил за само 0,1 процентен поен .
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена во периодот од 28 до 31 јануари врз репрезентативен примерок од 1083 испитаници.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара