Живот
25. August 2019 - 21:26

Дете скокна од автомобил во движење и му побегна на киднаперот: Драма на улица во Флорида

Дванаесетгодишно дете скокна од автомобил во движење кога сфатил дека го вози проблематичен човек во Бојтон бич, во американската сојузна држава Флорида.

Детето во полиција изјави дека во средата излегол од училишниот автобус кога покрај него застанал маж во бел камионет и му понудил превоз. Му рекол дека постојано превезува деца и дека тоа е нормално.

Возачот бил Тимоти Х. Милер, кој е уапсен и обвинет за киднапирање, насилно спротивставување на апсење и малтретирање на деца.

„Имаше пријателска насмевка“ и делуваше љубезно, рече детето во полиција. Меѓутоа, штом тргнале Милер „чудно го погледнал“ и го прашал дали има некаква дрога.

Детете се исплашило и се обидело да ја отвори вратата, по што Милер нагазил на гасот. Детето сепак успеало да скокне, но при падот ја удрило главата и се онесвестило.

За среќа, таа драма ја виделе неколку луѓе, кои веднаш му притрчале на помош и повикале полиција. Се утврдило дека детето е полосно повредено и се се завршило со модринки и гребаници.

Еден сведок тргнал по Милер, го стигнал, му го блокирал возилото, и потоа го држел додека не дошла полицијата.

Милер на испрашувањето рекол дека мислел дека од детето може да набави дрога.