Живот
26. February 2016 - 11:56

Дете се плашело да спие само во собата - Кога родителите дознале зошто, веднаш повикале полиција

Дете не постаро од три години се жалело на своите родители дека навечер слуша гласови, но тие не му верувале мислејќи дека детето измислува затоа што не сака да спие само.
 
И покрај тоа што детето се плашело, родителите го присилиле да спие само се додека таткото не слушнал необични звуци кои доаѓаат од детската соба.
 
Џеј, таткото на детето, една вечер станал да се напие вода и слушнал глас од детската соба од кој му се заледила крвта.
 
„Разбуди се, мало дете, татко ти те бара“ - биле зборовите на непознат човек кој зборувал преку звучниците на видео надзорот за деца.
 
Џеј влегол во собата, очекувајчи да види возрасен човек, но тој го нашол само неговиот исплашен син кој седел на работ од креветот. Малиот со прст му покажал накај камерата за надзор на деца, а Џеј приметил дека тие функционираат како некој да ги контролира од надвор.
Тој веднаш го земал детето, искочиле од собата и повикал полиција. Се јавил и на бројот за итни интервенции кај производителите на видео надзорот за деца, а тие му објасниле дека нивниот систем, најверојатно е хакиран.
 
Дали станува збор за шега или нешто повеќе, тие не откриле, како и тоа колку време нивното дете ги слушало гласовите.
 
После ова страшно искуство, Џеј и Сара ги исклучиле сите камери и компјутери во куќата. на детето му дозволиле да спие со нив со соба, а на другите родители им ја раскажале оваа приказна за да не и мсе случи истото.