Живот
14. February 2016 - 11:07

Дете прогласиле за вештер, го соблекле голо и го оставиле да умре

Нигериското племе малото дете го исфрлило од заедницата, сметајќи го за вештер. Го отфрлиле и го оставиле да умре, само, без храна, вода и облека. Којзнае каква лоша судбина ќе имаше детето ако не се појавеше хуманитарната работничка Ања од Данска која активно е посветена на гладните деца во Африка.

Foto: Facebook/Anja Ringgren Loven

-Многу нешта сум видела во Нигерија во последните три години. Илјадници деца се обвинети дека се вештери. Многумина виделе мачење на деца, но и мртви и исплашени деца. Овие фотографии покажуваат зошто со години се борам и зошто продадов се што имам, за да доаѓам во неистражените територии, напиша таа на својот Фејсбук профил и ги објави овие страотни фотографии.

Foto: Facebook/Anja Ringgren Loven

На момчето му дале име Хоуп (Надеж), а дека таа се обвистинува најдобро покажува последната фотографија од детето на која се гледа дека тоа е насмеано, излечено и подготвено за игра.

Foto: Facebook/Anja Ringgren Loven

-Хоуп е силно мало момче. Тоа што го гледам како си игра со моето дете, без сомневање е најсјајното искуство во мојот живот. Тоа е она што го прави убав и драгоцен, заклучува хуманитарката од Данска.