Свет
18. August 2016 - 12:10

Дете преживеа воен напад во Сирија, но остана само во крв

Омер има пет години и ги преживеа нападите од воените авиони на силите на Башар ал Асад во Сирија. Нападите, кои траеја недела дена, однесоа многу човечки жртви, меѓу кои и родителите на ова мало детенце.

Тој беше извлечен под урнатините на една станбена зграда, во Алепо, која била урната од лансирана ракета, момчето беше пронајдено целото во крв и со многу длабоки рани. На видеото, кое го допре и го растажи целиот свет, се гледа Омер како седи на столче, натажен и целиот во крв. Видеото беше првпат објавено пред неколку часа на Твитер, а овде можете да го погледнете: