Живот
14. September 2018 - 15:18

Дете паднало од дрво врз ражен за месо кој му се забил во черепот, лекарите шокирани: Какво чудо е ова!

Дете (10) од Мисури се опоравува откако паднало од куќичка на дрво и тоа точно врз метален ражен за месо.

Тенката шипка му поминала низ главата на Хавиер Чунингем му ги промашила очите и мозокот.

Детето паднало од дрво зошто го нападнале оси.

Од болницата во Канзас порачаа дека детето целосно ќе се опорави иако би можело да има некакви проблеми со гласот.

Операцијата траела неколку часа.

Докторите од оваа болница успешно ја отстраниле шипката во текот на долготрајната операција.

Мајката на детето Габријел Милер рекла дека нејзиниот син влегол во куќата врескајќи додека шипката му била забиена во глава.

„Умирам, мамо, го чувствуам тоа“, се присетува таа на неговите зборови на пат кон болница.

Лекарите опоравувањето на детето го нарекоа чудо.