Живот
23. January 2019 - 21:08

Дете падна во базен и почна да се дави: Никој околу него ништо не забележа, а во вистинскиот момент се појави спасителот

Камерите во еден станбен комплекс во Бразил снимија како дете (3) влегува во базенот за возрасни, веројано незнаејќи колку е длабок, каде за малку ќе се удавел.

За среќа, чуварот Алекс Сандро, кој токму во тој момент бил во обиколка на комплексот, забележал дека нешто чудно се случува.

Беспомошното дете било во вода околу 20 секунди, а изгледа дека никој во негова близина не забележал дека се дави.

Сандро забележал дека мавта со раце и брзо го извлекол од вода и го гушнал.

„Се исплашив дека останал без свест зошто не знаев колку долго бил под вода, но кога го извлеков, беше свесен, но исплашен“, рече чуварот.

Сандро објаснил дека детето не живее во овој приватен комплекс со апартмани, туку дека бил во посета заедно со мајката.

„Мајката во тој момент го доела помладото дете и не знаела што се случува“, додава тој.

Детето ја прескокнала оградата која го раздвојува игралиштето и базенот и само невнимателно се упатило кон базените.

Многумина истакнаа дека е вистинско чудо што Сандро во вистинскиот момент се нашол на местото и го спасил детето зошто поседот кој треба редовно да го обиколува бил прилично голем.