Бизарно но вистинито
3. March 2016 - 9:40

Дете падна од автомобил во движење

На Интернет се прошири неверојатно видео кое прикажува момент кога мало дете паѓа од автомобил во движење.

Видеото е снимено во Кина и тоа со камера прицврстена на стакло автомобилот кој возеше зад комбито.

На снимката се гледа како задната врата на комбето се отвора, која најверојатно не била добро затворена и како од возилото во движење паѓа мало дете, се тркала по патот, а потоа станува и се движи зад комбито.

Комбито, откако детето паднало, воопшто не застанува, затоа што возачот не забележал дека детето паднало на патот.

Среќа било тоа што во текот на овој инцидент сообраќајот бил густ и заради тоа многу бавен, па никој не го згазил детето на патот.

Возачите кои виделе што се случило, побрзале да го запрат комбето и ги известат дека го изгубиле детето.

Потоа се утврди дека возачот на комбето бил дедо на малото дете кое за среќа не е повредено.