Живот
22. October 2018 - 10:03

Дете на кое му го одзедоа детството: На 11-години го осудија за убиство на бремената маќеа, а потоа е откриена вистината

Џордан Браун имал 11 години кога е уапсен и обвинет како возрасен за убиството на идната маќеа, која била бремена. Денеска има 21 година, и по поминати 7 години во затвор, свртен е кон иднината, зошто пресудата му е поништена ова лето.

„Не сум лут. Се што се случи како и што се случи е бесмислено, но единствено што сега ми е важно што сум невин и луѓето тоа го знаат“, изјави Џордан Браун во ексклузивното интервју.

Беше 2009 година кога како 11-годишно дете е обвинет дека ја бил 26-годишната Кензи Хоук, додека спиела во нивната куќа во Вомпам, во Пенсилванија. Била во деветиот месец од бременоста и требала да се омажи за неговиот татко Крис Браун.

Полицијата тогаш тврдела дека младиот Браун влегол во нејзината соба, пукал во неа од ловечка пушка, а потоа влегол во автобус и заминал на училиште.

Џордан Браун го негирал злосторството и рекол дека се спремал за на училиште и дека тоа било „сосема обично утро“.

Утредента во три часот утрото ожалостениот татко и син ги разбудила полицијата, која имала налог на апсење на 11-годишниот Џордан.

„Ме пикнаа во автомобил и ме однесоа во полиција, а од таму во окружниот затвор“, рече Браун. Кога е обвинет за убиството на идната мајка и нејзиното неродено бебе, му направија полициска фотографија. Плачел додека го сликале.

„Ништо не разбирав. Не знаев каде сум, ниту што се случува“, вели тој.

Во куќата на Браунови полицијата најде пиштоли, пушки и муниција, но тоа не е нешто невообичаено во Пенсилванија, каде децата од мали нозе учат да пукаат.

Тука ја нашле и пушката на Џордан, која ја добил од таткото за Божиќ. Често оделе заедно во лов. Истажителите врз основа на мирисот заклучиле дека неодамна пукал од неа, а пред се им верувале на тврдењата на полусестрата на Џордан, 7-годишната Џенис, коај рекла дека слушнала тресок додека го чекала Џордан заедно да тргнат во училиште.

Додека го чекал судењето, поминал три години во затворот за возрасни во округот Ири. Таткото секој ден поминувал по речиси 400 килиметри со автомобил за да го посети.

„Не знам што би правел да не беа тие средби, тоа ми го зачува разумот“, рече Џордан.

Како што поминувало времето, Џордан поголем дел од времето читал книги што таткото му ги носел во затвор, а кога таткото го прашувал дали го извршил убиството, тој одговарал дека не е убиец.

Повеќе од две години откако е обвинет, случајот е пренесен во судот за малолетни лица. Осум месеци подоцна е одржано судење на кое е прогласен за виновен. Така стигна во Затворот за малолетници во Гроув Сити во Пенсилавнија. Годината 2016, кога наполнил 18 години, пуштен е да се брани од слобода.

Во јули 2018 година Врховниот суд во Пенсилванија оцени дека не постојат докази дека Џордан Браун е виновен, па со самото тоа нема основа за негово кривично гонење.

„Му го зедовте детството на 11-годишно дете. Го извалкавте неговото име. Сега кога на Гугл ќе напишете „Џордан Браун“ излегува неговата полициска фотографија“, изјави таткото Крис Браун.

Вистинскиот убиец се уште не е уапсен.