Живот
25. August 2017 - 17:39

Дете ја породи својата мајка и му го спаси животот на новороденото братче

Џејден Фонтенот (10) е херој за кој овие денови зборува светот. Неговата мајка одеднаш почнала да се породува, тој и помогнал и го спасил животот на бебето.

Имено, Ешли Моро (36) утрото на 11 август, го испратила вереникот на работа и тогаш и пукнал воденикот. Погледнала надолу и ги видела нозете на бебето како излегуваат од неа. Веднаш повикала помош. 

Го испратила детето до неговата баба која живее во куќата веднаш до нив, меѓутоа таа не можела да помогне зошто поради неодамнешната операција била речиси неподвижна. Повикале итна помош, а Џејден кога видел дека работата станува критична се одлучил на голем чекор - да ја породи својата мајка. 

- Му реков: Ќе ми помогнеш да го родам твојот брат, но тоа мора да го направиме брзо зошто нозете на бебето станаа модри и тоа можеби не дише, раскажува Ешли. Џејден ги следел инструкциите од мајка си. Го свртел бебето и ја поддржувал својата мајка во текот на породувањето. Но кога се родило бебето, не дишело. 

Детето веднаш пронашло аспиратор за нос кој го користи неговата 11-месечна сестра и почнал да му пумпа воздух на бебето низ носот и устата. Бебето, подоцна наречено Декс, почнало да дише, а во нивниот дом набрзо стигнала и итната помош. 

Гордата мајка подоцна подоцна опиша како се чувствувале кога сето тоа успешно завршило. 
- Многу сум горда на него. Тој е храбар и силен. Тој е мојот херој, раскажува Ешли. Лекарите во болницата подоцна рекле дека во случај Џејден да не и помогнала на мајката при породувањето, бебето би умрело поради недостаток на кислород.