Дете го ишарало ѕидот во дневната - наместо да го искара неговата мајка направила нешто генијално!
Децата често знаат да бидат љубопитни и да прават работи кои можат да ги шокираат родителите. Често притоа страдаат парчиња мебел и ѕидови. Повеќето родители би ги искарале своите деца поради тоа, но оваа мајка направила нешто друго.
Нејзиниот син на ѕидот нацртал зелена куќичка. Меѓутоа наместо да го казни својот син, мајката на цртежот ставила рамка, а под него додала налепница со потпис, како што тоа се прави на вистинските уметнички дела во галериите.
Делото е наречено "Interrupted House", а го опишала како "изненаден поклон за родителите од нивното дете 13. ноември".
Нејзиниот маж ова го споделил со своите следбеници на Твитер и го напишал следново.
- Децата ќе прават работи кои не смеат да ги прават, но исклучително помага кога ќе се ожените за личност која има смисла за хумор - пренесува тој.
Објавата за кратко време е споделена преку 100.000 пати.
Ново на Сител
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти