Живот
5. December 2017 - 11:13

Дете донело домашна на училиште, а наставниците запрепастени веднаш повикале полиција!

Полицијата на Флорида во петокот го уапсила Роберт Пол Александар Едвардс откако е откриен вознемирувачки цртеж во тетратката за домашна работа од еден ученик во основно училиште.

На цртежот била прикажано масовно пукање во училиште кое е во пламен, додекалуѓето бегаат, а човек пука во нив. Две лица се нацртани како лежат на земја во локва крв. На листот е испишано и „пју, пју пју“ и „АААА пече“.

Кога го виделе вознемирувачкиот цртеж воспитувачките повикале полиција, која веднаш дошла до творецот на цртежот. Едвардс е уапсен и обвинет за пишани закани дека ќе стори убиство или ќе повреди луѓе, пренесува Мајами хералд.