Дете (7) се загубилo во снежна бура на Алјаска: Ископал дупка за да преживее и така ги заштитил и роднините
Детето Итан Камил (7) од Алјаска кој со своите роднини се изгубил во снежна бура раскажа како ископале дупка за да преживеат.
Освен Итан, уште три деца се загубиле во руралниот дел на Алјаска - Кристофер Џонсон (14), Френк Џонсон (8) и Треј Камил (2). Ноќта ја поминале во снежната дивина, а спасувачките служби ги пронајдоа дури следниот ден.
Итан од својот болнички кревет, каде ги лекува замрзнатите раце, раскажа како се снашле на толку ниски температури.
„Прво се обидовме да го пронајдеме патот до дома, но не успеавме и стана многу студено па ископавме дупка“, раскажа тој.
Неговата мајка Ирен рече дека сите се труделе најмногу да го заштитат двегодиниот Тре и дека Итан се преместил поблиску до отворот на дупката за да има повеќе место за најмалечкото дете.
Децата исчезнаа на 2. февруари, а спасувачите ги пронашле на 29 километри јужно од заедницата Нунама Иква. Децата веднаш со хеликоптер се префрлени во болница.
„Беа замрзнати, гладни и уморни“, рече член на спасувачкиот тим.
Родителите во неделата во 18.25 часот пријавиле дека нивните деца не се вратиле дома, а требало да си дојдат уште во 13 часот.
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас