Дете (13) ја искасапило мајката зошто му го убила кучето: Му го фрлила пред него, тој ја грабнал секирата, хорор во Кина
Тинејџер од Кина е задржан поради убиство на мајката, која на смрт ја искасапил со секира откако таа го убила неговото куче.
Тенејџерот (13) ја убил мајката (37) по кавга во саботата навечер во нивната куќа во округот Џианху откако мајката пред него во убила миленичето.
Полицајците во понеделникот го фатиле детето откако во неговата куќа е пронајдено телото на мајката, се наведува во соопштението на полицијата.
Сопственикот на блискиот дуќан рекол дека мајката била многу строга кон својот син.
„Детето многу сакаше да си игра со своето милениче по цел ден, така што налутената мајка го фрли и го уби пред детето“, рече сопственикот, додавајќи дека жената имала продавница за облека во блискиот трговски центар.
Вот текот на жестоката кавга, детето зело секира и ја убило мајката. Вработен во блискиот станбен кварт вели дека таткото на детето е работник мигрант и поголем дел од годината е далеку од дома.
Детето е фатено во понеделникот утрото, а полицајците го пронашле во ресторан откако таму поминал повеќе од еден ден.
Персоналот од ресторанот рекол дека порачал чаша вода и изел бисквита која ја имал со себе. Со себе носел и училишна торба.
Случајот и натаму е под истрага.
Според кинескиот закон, децата помлади од 14 години не можат кривично да бидат одговорни. Тие меѓу 14 и 16 години може да бидат уапсени и обвинети за дела како што се убиство, грабеж и силување.
Исто така, казнено- поправните установи за малолетници прифаќаат само тинејџери меѓу 14 и 18 години.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот