Живот
22. January 2020 - 11:23

Деталната прогноза за Европа која ја најавува пролетта во февруари

Според објавената месечна прогноза на EFFIS, зимата во Европа е готова. Како што се прогнозира, позитивно температурно отстапување се очекува во сите следни седмици до први март и почетокот на пролетта, а очекуваното температурно отстапување е најизразено таму каде што треба да има најмногу снег – во Русија.

Тоа не значи дека нема можност за краткотрајни циклони кои би можеле да донесат снег, но од „големо зимско сценарио“ се чини дека оваа година нема ништо. Се предвидуваат помалку дождови од просекот, што значи дека ќе продолжи топлата антициклонска доминација.

Со оглед на тоа што над поголем дел од Европа и Азија ќе се задржи високиот притисок на воздухот, и во текот на февруари на тоа подрачје се очекуваат температури над просекот за тоа време од годината. Тоа значи дека се зголемува веројатноста над континентална Европа до крајот на зимата да не видиме вистинско зимсо време.

Според метеоролозите, секогаш постои можност за транзициско ладно време, но според досегашните анализи, шансата за такво нешто е навистина мала затоа што како што одминува времето, поларниот вртлог губи на сила.

Со оглед на притисокот на воздухот и во март, април и мај во Европа и Азија се очекуваат температури повисоки од просечните за таа доба од годината.