Македонија
5. February 2020 - 17:38

Детална временска прогноза за февруари - еве какво време не очекува месецов

Иако викендов имавме речиси вистински пролетни температури денеска Македонија се разбуди под снег.

Долго очекуваната прогноза на метеоролозите за снег и пад на температурите од денеска започна да се остварува, а она што не очекува во следниот период до крајот на месец февруари никого нема да остави рамнодушен.

До крајот на неделата не очекува сончево време и температура до 7 степен.

Максималната температура месецов според долгорочната прогноза ќе достигне 13 степени, додека месецов ќе имаме малку сонце, дожд, облаци, но не и снег, погледнете.

Особено љубителите на сонцето ќе бидат изненадени идната недела кога доаѓа вистинското сонце во Македонија.