Македонија
14. May 2017 - 8:12

Детали за земјотресот во Скопје што утрово ги вознемири граѓаните

Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје и околината.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 15 километри источно од Скопје на длабочина од два километра.

Поточно епицентарот на земјотресот бил на 4 километри североисточно од Арачиново и 6 километри северно од Марино.

Земјотресот предизвика вознемиреност кај скопјани, и се почувствува и во повисоките згради како и во пониските објекти во главниот град.