Македонија
12. July 2017 - 13:08

Детали за вчерашната тепачка каде што беше избодено момче со нож во Драчево

Вчера околу 17,20 часот Г.Д. пријавил дека во населбата Драчево на паркинг простор, настанала тепачка помеѓу неколку лица при што се користеле ножеви и огнено оружје. Во тепачката, од огнено оружје повреден е Д.Т.(24) од Скопје, додека другите лица со патнички моторни возила „венто“ и „хјундаи“ го напуштиле местото на настанот. Повредениот Д.Т. е пренесен во Клинички центар Скопје. Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.