-->
-->
Детали за убиството во Топанско: Убиени се лица на 24 и 28 годишна возраст
-->
Двајцата убиени во кои ноќеска беше пукано се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР за „А1он“. Тие биле пронајдени мртви, а пукањето било пријавено од лица кои случајно се затекнале на местото и слушнале пукање. На местото се пронајдени повеќе чаури од пиштол и автоматска пушка.
Убиените се превезувале со патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Итната медицинска помош констатирала само дека двете лица не давале знаци на живот. Остануваат непознати причините за двојното убиство, а од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште