Македонија
5. March 2021 - 9:56

Детали за убиството во Топанско: Убиени се лица на 24 и 28 годишна возраст

Двајцата убиени во кои ноќеска беше пукано се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР за „А1он“. Тие биле пронајдени мртви, а пукањето било пријавено од лица кои случајно се затекнале на местото и слушнале пукање. На местото се пронајдени повеќе чаури од пиштол и автоматска пушка.

Убиените се превезувале со патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Итната медицинска помош констатирала само дека двете лица не давале знаци на живот. Остануваат непознати причините за двојното убиство, а од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.