Македонија
3. March 2019 - 11:48

Детали за убиството во Тетово: Познат идентитетот на убиениот- уапсени три лица

Вчера во 23 часот и 50 минути пријавено е дека во угостителски објект на улица „29 Ноември“ во Тетово било извршено убиство.

Имено 46- годишниот Л.Д од Тетово пукал во 46- годишниот А.А од Тетово, со кого претходно, заедно со уште неколку лица седеле на една од масите и консумирале алкохол, и му нанел смртоносна повреда. Л.Д сам се пријавил во Полициската станица Тетово, а во врска со случајот лишени се од слобода уште две лица М.А. (31) од Тетово и Л.Р. (37) од с.Лисец, а едно само се пријавило.

По наредба на јавен обвинител, телото на А.А. е дадено на обдукција и се работи на целосно документирање на случајот.