Македонија
22. April 2019 - 12:22

Детали за убиството во Македонија - убиени татко и неговиот 9-годишен син

Крваво убиство ја потресе македонската јавност кога синоќа во 22 часот и 40 минути биле убиени две лица во автомобил во Слупчане.

Станува збор за Ахид Салахи од село Опае на возраст од 47 години и неговиот 9-годишен син Амар С. Телата на таткото и синот биле пронајдени во атарот на Слупчане, кај месноста „Слупчански бунар“ во патничко моторно возило марка Опел Астра.

Во нив било пукано, а засега не се знае сторителот, ниту пак мотивот за крвавото убиство.

Телата на убиените се предадени на обдукција во судска медицина.