Македонија
4. April 2021 - 14:36

Детали за трагедијата во Велес, момчето што го прегази воз имало само 21 година

Воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, денеска околу 11:40 часот во Велес, пред новиот мост „Гемиџии“ прегазил 21-годишно момче, потврдуваат за МИА од СВР Велес.

Од Службата за итна медицинска помош, како што информира началникот д-р Василка Пановска Поп Стефанова, нивна екипа била повикана на местото на настанот во 11:40 минути и за жал само констатирала смрт кај 21-годишното момче Т.И од Велес.

Според првичните сомневања од очевидци прегазеното момче само се фрлило и си го одзело животот.

-Поради настанот веќе два часа сообраќајот во градот е закочен, бидејќи возот го има блокирано преминот кај Нов мост, информираат од СВР Велес.

Екипи на СВР Велес и јавен обвинител вршат увид на местото на настанот, информира за МИА, портпаролот Верољуб Додевски.