Македонија
15. јуни 2018 - 20:50

Детали за трагедијата која ја потресе цела Македонија: Телото на починатата родилка на обдукција

Вчера околу 07.00 часот во Клиничкиот центар Штип починала М.П. (28) од Свети Николе. Таа се породила на 13.06.2018 година околу 21.05, а здравствената состојба и се влошила, по што и била извршена дополнителна хируршка интервенција. Еден час по интервенцијата таа починала.

Полициски службеници од СВР Штип излегле на местото и извршиле разговор со медицинскиот персонал и семејството на починатата.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, кој наредил телото на починатата да биде дадено на обдукција во Скопје.