Македонија
20. December 2016 - 12:22

Детали за тешката сообраќајка во која загина 28-годишна скопјанка

Едно лице загина, а двајца се поврдени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска 40 минути по полноќ на автопатот Велес – Скопје пред населбата Отовица.

МВР соопшти дека П.М. (55) од Скопје, управувајќи автомобил „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонскиот sид на мостот и се превртел. Сопатничката М.М. (28) од здобиените повреди починала на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Во сообраќајката со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М. (52), која заедно со П.М., со возило на Итна помош биле пренесени во Клиничка болница Велес.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција. Поради сообрачајката, патниот правец клучка Велес-нас.Отовица беше во целосен прекин во периодот од 01.40 до 04.00 часот.