Македонија
7. July 2016 - 10:20

Детали за страшната сообраќајна несреќа кај Охрид

Утрово на потегот кај Мешевиште-Требениште се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патички возила и едно товарно возило, информираат од СВР Охрид.
 
Во сообраќајката се повредени 4лица и во моментов полициски и екипи од обвинителството вршат увид, информира Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.
 
Сообраќајот на овој патен правец се пренасочува по локалните патишта.
 
Повеќе информации од СВР Охрид најавуваат во текот на денот.