Детали за страшната сообраќајка кај Мамутчево, повредени 20 работници
Дваесет работници се повредени во сообраќајката што се случи попладнево околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамтучево во која се судрија камион и автобус кој превезувал работници од Велес.
Како што информира за МИА Весна Лазаровска од ЈЗО Општа болница Велес пред 50-ина минути со возило на итна медицинска помош од Велес во болницата итно биле донесени 20 повредени работници.
- Сите беа прегледани и им беше укажана медицинска помош од тимот на Општа болница Велес предводени од хирургот д-р Филип Тодоровски. Од нив кај осуммина беа утврдени полесни телесни повреди и истите се хоспитализирани во болницата, а останатите 20-ина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување, информира Лазаровска.
Екипа на СВР Велес е на терен и прави увид за утврдување на причината за сообраќајната несреќа.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња