Македонија
22. May 2018 - 12:12

Детали за страшната несреќа во Скопје: Маж и жена мртви на лице место

Во периодот од 01.00 до 06.00 часот на локалниот пат пат селот Миладиновци-село Кадино, патничко возило „Џип Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот З.Д. од селото Долно Лисиче,  излеглo надвор од коловозот и падналo на покривот во одводен канал.  
 
   Притоа, од здобиените повреди на местото на настанот починале З.Д. и сопатничката, 68-годишната С.Д. од Скопје.
 
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
 
По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.