Детали за страотната несреќа во тетовско - трактор удри во голф, загина возачот
Вчера во 17.40 часот на регионалниот пат Тетово – село Јажинце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(59) од село Нераште, трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, управуван од А.Б.(50) од село Доброште, а било удрено и паркирано патничко возило „Фолксаваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Е.(36) од село Доброште.
Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи и А.Д.(59) од село Нераште, сопатничка во возилото „Фолксваген Голф“, управувано од А.Д.. Со други возила тие биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде лекар констатирал смрт кај возачот на тракторот.
Додека, кај сопатничката А.Д. биле констатирани тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Кај А.Д. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.
По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари